Линкови за пристапност

Украина започна нова армиска операција против проруските сепаратисти


Проруски сепаратисти на контролен пункт во Словјанск

Проруски сепаратисти на контролен пункт во Словјанск

Рускиот претседател го обвини украинскиот колега за новите судири.

Украина започна нова армиска операција против проруските сепаратисти во источниот дел на земјата, само неколку часа откако истече едностраниот прекин на огнот.

Украинскиот претседател вети дека ќе ја врати територијата што ја контролираат бунтовниците. „Ќе напредуваме и ќе ја ослободиме нашата земја. Нашиот одговор на терористите, бунтовниците и пљачкосувачите е: нема обновување на прекинот на огнот“, рече Петро Порошенко.

САД и европските сојузници ја обвинуваат Русија дека ги вооружува бунтовниците. Рускиот претседател Владимир Путин директно го товари Порошенко за новите судири. Путин кажа дека тој, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд не успеале да го убедат Порошенко да го продолжи 10-дневниот прекин на огнот, за кој Порошенко тврди дека бунтовниците го прекршиле преку стопати.

„За жал, претседателот Порошенко донесе одлука да продолжи со армиската операција. Ние не можевме – кога велам ние, мислам на себе и на моите европски колеги – да го убедиме дека патот до оддржлив, солиден и траен мир не е преку војна“, рече Путин.

Киевската новинска агенција Интерфакс-Украина цитираше сепаратисти во градот Краматорск дека повторно започнала борбата.

Кревкото примирје, што истече понеделникот навечер, беше претставено како можност за сепаратистите да се разоружаат и да започнат пошироки преговори за амнестија и нови регионални избори. Но, тие не се разоружаа, а владата во Киев наведе бројни прекшувања на прекинот на огнот откако тој беше прогласен на 20-ти јуни.

Порошенко веќе го продолжи прекинот на огнот од седум на 10 дена, во обид да стави крај на борбите близу границата со Русија во коишто загинаа над 400 лица од април – наваму.

САД и европски земји ја повикаа Русија да влијае на бунтовниците да се откажат од борбата и се заканија со нови санкции против Москва доколку продолжи протокот на борци и оружје во Украина.

XS
SM
MD
LG