Линкови за пристапност

Украинските сили ја вратиле контролата врз Маурипол, според медиумски извештаи


Проруските сепаратисти денес се повлекле по битката во текот на ноќта.

Медиумски извештаи од Украина наведуваат дека владините сили ги истиснале проруските сили од објектот на Градскиот совет на Мариупол во источниот дел на земјата.

Бунтовниците наводно денес се повлекле по битката со украинските сили за безбедност во текот на ноќта.

Акцијата на украинските сили е насочена против проруските сепаратисти што последниве недели презедоа контрола врз десетина градови во источна Украина и бараат отцепување од земјата.
XS
SM
MD
LG