Линкови за пристапност

Украина издаде потерница за Јанукович


Последен пат соборениот украински претседател е виден во про-рускиот регион Крим, но точното место каде е Виктор Јанукович не се знае.

Украина објави налог за апсење за соборениот претседател Виктор Јанукович, обвинувајќи го него и други официјални лица за масовни убиства на демонстранти.

Вршителот на должност Министер за внатрешни работи Арсен Аваков го објави налогот во соопштение на Фејсбук во понеделникот. Тој кажа дека Јанукович последен пат бил виден во про-рускиот регион Крим во Украина, но точното место каде е соборениот лидер не се знае.

Во меѓувреме, шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во понеделник патува за Украина каде треб да се сретне со новите привремени лидери кои сакаат нивната држава да има потесни врски со ЕУ.

Канцеларијата на Ештон вели дека нејзиното патување во Киев ќе вклучи дискусија за начините Европската унија да помогне во политичката и економската стабилизација на Украина.

Има поделена поддршка во земјата меѓу оние кои сакаат Украина да биде во поблиски односи со Европа и оние кои сакаат поблиски односи со Русија. Соборениот претседател Јанукович се повлече од трговскиот договор со ЕУ во ноември, што иницираше протести кои доведоа да биде сменет од функцијата.

Спикерот на парламентот Олександр Турчинов стана привремен претседател на Украина во неделата. Тој ги истакна демонстрациите на киевскиот Плоштад на независноста и го нагласи планот за прифаќање на ЕУ при обраќањето во неделата навечер.

Тој вети нова влада до вторник, а законодавците свикаа нови избори за 25-ти мај.
XS
SM
MD
LG