Линкови за пристапност

Европа и Украина


Министрите за надворешни работи од Франција, Германија и Полска одат во Киев пред средбата на ЕУ на која ќе се расправа за санкции спрема украинските лидери

Францускиот Министер за надворешни работи Лорент Фабиус вели дека во четврток ќе патува во Киев со германскиот колега Франк Валтер Стеинмеир и полскиот министер за надворешни работи Радосав Сикорски.

„Ке се сретнеме утре наутро со различни елементи, со различни актери во Киев. И од тука ќе ги охрабриме да најдат начин за дијалог. Потоа ќе одиме во Брисел за да донесеме одлуки што се неопходни“.

Министерот за надворешни работи Фабиус зборуваше со новинарите во Париз пред средбата со Државниот секретар на САД Џон Кери, кој кажа дека претседателот Виктор Јанукович има избор.

„Изборот е меѓу заштита на луѓето на кои им служи, сите луѓе, и избор за компромис и дијалог наспроти насилство и безумие“ .

Кери вели дека Вашингтон исто така размислува за санкции против украинските лидери „со цел да креира клима за компромис“.

Соработниците велат дека американскиот претседател Барак Обама е редовно информиран за ситуацијата во Киев додека е во Мексико за средба доцна во среда со максикански и канадски лидери.
XS
SM
MD
LG