Линкови за пристапност

Загинати 25 лица во судирите во Украина


Претставници на ЕУ побараа итен состанок за Украина; Потпретседателот на САД од Јанукович побарал „максимална воздржаност“.

Илјадници анти-владини демонстранти останаа на главниот плоштад во украинскиот главен град во среда, по ден на жестоки судири со полицијата што остави најмалку 25 мртви во најлошото насилство за последниве три месеци на политички демонстрации.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович ги обвини лидерите на опозицијата за насилството, што ескалираше кога полицијата упадна во главниот протестен камп на опозицијата во вторникот навечер. Јанукович кажа дека активистите кои ги поттикнувале другите протестанти да донесат оружје на антивладините демонстрации не ги почитувале принципите на демократијата и мора да се соочат законски реперкусии.

Претставници на полицијата и опозицијата кажаа дека многу од убиените во нередите биле погодени од истрели. Десетици од повредените биле во сериозна состојба. Деветмина од мртвите биле полицајци.

Претставници на Европската Унија побараа итен состанок за Украина на кој членовите ќе дискутираат дали да постават санкции на оние одговорни за насилството.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон кажа дека е „длабоко загрижена“ за ситуацијата и додаде дека ЕУ е подготвена да и` помогне на Украина да се врати на парламентарниот процес. Таа кажа дека ЕУ ќе ги земе предвид „сите можни опции“ за одговор на нередите, вклучувајќи и „рестриктривни мерки“ против одговорните за насилството.

Порано, украинскиот опозиционен лидер Витали Кличко се сретна со претседателот Јанукович за разговор, но средбата не донесе решение. Кличко кажа дека претседателот барал протестантите „ да престанат со демонстрациите“ и безусловно да го ослободат плоштадот. Тој ги поттикна про-западните демонстранти кои го окупираат киевскиот Плоштад на независноста, исто така познат како Маидан – да ги бранат нивните позиции. Густ црн чад можело да се види како се крева од барикадите што го опкружуваат протестниот камп рано во среда.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун објави соопштение во кое вели дека е „шокиран и длабоко загрижен“ за ескалацијата на насилството и кажа дека употребата на насилство од која било страна е неприфатливо

САД објавија предупредување за патување на своите граѓани во Украина, предупредувајќи ги да „држат низок профил“ додека се во главниот град и да бидат подготвени да останат внатре преку ноќ, доколку е можно, за да ги избегнат судирите.

Американскиот потпретседател Џо Бајден му телефонирал на Јанукович доцна во вторникот да изрази „длабока загриженост“ во врска со насилството, повикувајќи го украинскиот претседател да ги повлече безбедносните сили и да примени „максимум воздржаност“. Бајден му кажал на Јанукович дека неговата влада има „специјална одговорност“ да ја разреши кризата.

Антивладините протести се развиваат со недели, а активистите повикуваат на оставка на Јанукович откако тој се повлече од трговскиот договор со Европската Унија за сметка на поблиски врски со Русија.

Во Москва, властите го товарат насилството на западните влади, обвинувајќи ги за охрабрување на „радикалните сили“ меѓу протестантите.
XS
SM
MD
LG