Линкови за пристапност

Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук утре ќе ја депонира оставката до Собранието


Тој во неделата соопшти дека ќе поднесе оставка на функцијата.  Со тоа го отвори патот за формирање на нова влада во напор за ставање крај на политичката криза во земјата.

Во телевизиско обраќање и на неговиот профил на Твитер, Јаценјук подвлече дека се надева оти неговата оставка, која утре и официјално ќе биде поднесена до Парламентот, на Украина ќе и` даде шанса да усвои нови изборни, уставни и судски реформи, како и да се приклучи кон ЕУ и НАТО.

Во телефонски разговор во неделата, американскиот потпретседател Џо Бајден му честита на Јаценјук за чекорите што Украина ги направила за да имплементира, цитираме, тешки, но неопходни економски реформи и за напредокот кон енергетска независност од Русија. Белата куќа кажа дека Бајден и Јаценјук се согласиле дека промените мора да бидат постојани и дека продолжителниот напредок е клучен во обезбедувањето на просперитетна иднина за Украина.

Бајден и Јаценјук се согласиле и по прашањето околу важноста да се формира нов кабинет и за натамошна имплементација на потребните реформи.

XS
SM
MD
LG