Линкови за пристапност

Лукашевич: американското оружје за Киев би го дестабилизирало регионот


Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич
Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич

Русија реагира на изјавата на Блинкен дека Белата куќа треба да размисли да даде таква помош на украинската влада

Русија смета дека САД би ја дестабилизирале ситуацијата во Украина доколку помогнат со оружје во борбата против сепаратистите.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Александар Лукашевич, денес кажа дека доколку Вашингтон ја смени политиката за помош со несмртоносни средства и започне да дава оружје на украинската влада, тоа би бил “сериозен дестабилизирачки фактор што би можел сериозно да се одрази на рамнотежата на силите во регионот“.

Тони Блинкен, којшто е кандидат на претседателот Барак Обама за функцијата заменик-државен секретар, вчера на распит на Сенатската комисија за надворешни работи кажа дека Белата куќа би требало да земе предвид на Украина да и` даде смртоносна, одбранбена армиска опрема. Блинкен рече дека вооружувањето на украинската армија би можело да ја натера Русија да размисли за својата улога во проруското бунтовништво во источна Украина. Обата дома на Конгресот имаат дадено поддршка за таквата помош, но владата на Обама досега не се реши на такво нешто.

ОН во својот најнов извештај за набљудувањето на човековите права, објавен денеска, наведуваат дека биле убиени речиси 1.000 лица и неказнето минале сериозни прекршувања на човековите права откако претставници на украинската влада и на бунтовниците постигнаа прекин на огнот. По потпишувањето на договорот на 5-ти септември, во просек дневно гинат по 13 лица. Од средината на април - наваму загинале 4.317, а ранети се 9.921 лице, според податоците на ОН.

XS
SM
MD
LG