Линкови за пристапност

Инцидентот се случува непосредно пред средбата Порошенко – Путин во Минск

Неколку часа пред да се сретнат украинскиот претседател Петро Порошенко и рускиот претседател Владимир Путин во Белорусија, Украина објави видео снимка за апсење на руски војници на нејзина територија.

Украина ги обнови обвинувањата дека Русија е директно вмешана во немирите и дека 10 војници од руска падобрантска дивизија во понеделникот биле уапсени во пограничниот регион Донецк.

Според извор на руското Министерство за одбрана, војниците случајно го минале необележаниот дел на границата додека патролирале.

Средбата меѓу украинскиот претседател Петро Порошенко и рускиот лидер Владимир Путин во Минск, ќе биде прва од јуни наваму, кога дискутираа за кризата во Украина.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека има мали изгледи разговорите да донесат пробив, но дека може да започнат мировен процес.

XS
SM
MD
LG