Линкови за пристапност

Освен кај секојдневните корисници, платформата е популарна и кај малите и големите организации, со цел, промоција на својот бизнис

Социјалната мрежа на која профили имаат милиони ширум светот, соопшти дека нема намера да го зголеми актуелното ограничување од 140 букви при пишување на порака.

Освен кај секојдневните корисници, Твитер е популарен и кај малите и големите организации, со цел, промоција на својот бизнис.

Твитер воедно стана алатка и за политички и социјални промени. Движењето Арапска пролет во 2011-та година ја користеше платформата за организирање и информирање на учесниците за спроведените активности.

Претседателот Барак Обама токму преку Твитер информираше за неговиот реизбор во 2012-та, со порака – „уште четири години“, придружена од фотографија со првата дама Мишел. Веднаш потоа, поракта стана една од најсподелуваните.

Твитер во моментов има преку 320 милиони редовни корисници.

XS
SM
MD
LG