Линкови за пристапност

Твитер излегува на берза


За прв пат во четврток инвеститорите ќе можат да купат акции на оваа социјална мрежа

Повеќе од 230 милиони луѓе во светот постираат куси пораки на Интернет во врска со нивните животи на Твитер. Сега, почнувајќи во четврток, финансискиот свет ќе реши колку е вреден овој социјален медиум, кога инвеститорите ќе имаат шанса за прв пат да купат акции на компанијата.

Во жаргон на финансиските пазари низ светот, Твитер прави ИПО, што значи „иницијална јавна понуда“ на сопственост на акции на компанијата. Основачката на компанијата за истражување и инвестиции, Ренесанс капитал, Кети Смитза Гласот на Америка кажа дека дека компании во приватна сопственост нудат акции за продажба на јавноста за собирање пари што им требаат за проширување на бизнис операциите.

Таа вели дека нова понуда на акции исто така помага да се одреди монетарната вредност на една компанија.

На Твитер, корисниците сакаат да можат да постираат многу куси пораки на пријатели и бизнис соработници. Но Смит вели дека инвеститорите сакаат да видат колку успешен Твитер може да стане заради својот профит од рекламирање.
XS
SM
MD
LG