Линкови за пристапност

Во прва дискусија преку Твитер, Обама зборува за економските предизвици


Во прва дискусија преку Твитер, Обама зборува за економските предизвици

Во прва дискусија преку Твитер, Обама зборува за економските предизвици

Претседателот Обама во среда ја имаше својата прва „градска средба“ користејќи ја социјалната мрежа Твитер, на која се фокусираше на американската економија и работните места. Шефот на државата, кој ретко кога дава куси одговори, доби прашања од целата земја во текот на околу еден час од Источната соба во Белата куќа.

Одговорите на Обама беа сумаризирани за постирање на Твитер од Белата куќа, за да одговорат на стандардниот формат од 140 букви и знаци, но тој самиот не беше ограничен во говорните одговори.

Настанот одеше во живо преку веб-страницата на Белата куќа и на специјална страница креирана од Твитер, и пренесуван од поголемите кабловски телевизиски мрежи и на веб-страниците на голем број медиумски организации.

Ко-основачот на Твитер, Џек Дорси, започна со, како што рече, енергична онлајн дебата низ светот за иднината, вклучувајќи ја американската финансиска сигурност, во која името на Обама фигурираше проминентно.

Со околу 140 поканети набљудувачи во Источната соба, претседателот Обама на кусо седна кај лаптоп на кој беше печатот на Белата куќа, и го напиша првиот твит: „За да се редуцира дефицитот, кои трошоци треба да бидат намалени и кои инвестиции да се задржат?“

Тој потоа одговори на првото прашање, кое му беше прочитано од голем тв-екран од страна на Дорси, од корисник на Твитер од Њу Хемпшир, Вилијам Смит, кое се однесуваше на грешките кои Обама чувствува дека ги направил во постапките врзани со американската рецесија и што би направил поинаку.

Претседателот кажа дека тој реагирал коректно со неговата програма за опоравување од 800 милијарди долари за спасување на американската авто индустрија, но кажа дека направил и пропусти:

„Требаше да му објаснам на американскиот народ дека ќе треба подолго време да излеземе од ова. Дури и јас не сфатив колкав е опсегот, зашто најголем број на економистите почнаа да сфаќаат дека изгубивме три или четири милиони работни места уште пред јас да имав дадено заклетва на функцијата“.

Други прашања се однесуваа на невработеноста, на состојбата на американскиот производствен сектор, високата цена на образованието и тешките проговори со Конгресот во врска со кревањето на лимитот на националниот долг и скратувањето на трилиони долариво дефицитните трошоци.

Еден твит го праша Обама дали ќе ја употреби својата извршна моќ од 14-от амандман на Уставот да го зголеми лимитот пред 2 август, кога истекува рокот.

Претседателот ова го искористи да ги поттикне законодавците да работат со него за постигнување компромис по прашањето на долгот, за кое кажа доколку не се реши може да предизвика друга рецесија.

Еден твит меѓу илјадниците филтрирани беше од Џон Бејнер, републиканскиот спикер на Претставничкиот дом:

„По рекордно трошење што не остави во поголем долг, каде се работните места?“

Обама одговори: „Секој месец гледаме пораст на работните места, но кога имате дупка од 0сум милиони работни места, а пополнувате по 100 и 200 илјади месечно, очигледно ќе треба подолго време вработување на оние што се без работа“.

Други прашања се однесуваа на сопствениците на домови кои не можат да ги продадат своите потценети домови, американското проблематично образование, зависноста на нацијата од увезена нафта и американската вселенска програма.

Претставници на Белата куќа кажаа дека ќе ги анализираат податоците што Твитер ги обезбедува заедно со некои нивни партнери, за повеќе индикации за користењето на социјалните медиуми како начин Обама да допре до јавноста.

XS
SM
MD
LG