Линкови за пристапност

ТВ-сериите ги врзуваат гледачите на подолг период со провокативни приказни, добро сочинет дијалог и талентирана актерска екипа.

Американските ТВ-серии еволуираа во последните две децении. Нивните оригинални приказни, добро сочинетиот дијалог и талентираните актерски екипи ги засенија холивудските филмови.

Типичен пример е серијата Предавник, најнов продукт на Студијата АМЦ. Историската драма за првиот американски шпионски синџир, за време на Војната за независност, е исто толку флуидна и драматична колку и современите шпионски приказни и ги има сите предзнаци да стане хит.
Нејзините млади актери се главно непознати, но во блиска иднина може да станат популарни.

„Ме изненадува и воодушевува колку прецизни и работливи се луѓето во телевизиската индустрија во моментов. Ова е материјал што придонесува секоја епизода да изгледа како да правите филм“, вели актерката Хедер Линд. Таа ја толкува Ана Стронг, историски лик од крајот на 18-от век, која шпионира за Британците.

Актерот Сет Нумрик, кој во серијата е револуционерот Бенџамин Толмаџ, вели: “Сите актери што ги познавам се навистина возбудени за улогите и сценаријата во оваа индустрија“.

Изобилството на квалитетни серии отвори бројни можности за актерите како него.

Се` започна со Сопранос, драмата од 1990-те за америнско-италијанскиот мафијаш од Њу Џерси, Тони Сопрано. Серијата ризикуваше, играјќи на кратата на шоу полно со насилство и комплексни ликови, но затоа постави основа за неконвеционално раскажување на приказната. Многумина и натаму ја сметаат за најдобрата ТВ-продукција досега.
Други пак, го наведуваат успехот на актуелните серии како Живите мртовци на Франк Дарабонд.

Сценаријата на сериите се променија откако на сцена се појави компанијата АМЦ, сопственик на неколку кабловски ТВ-станици и на независната филмска компанија ИФЦ филмс.

„Ни рекоа, би сакале ли да ја направите серијата повеќе да наликува на филм? Им одговорив со - прекрасно“, раскажува Дарабонд.

Овој режисер номиниран за Оскар вели дека настрана од хорор-сцените и зомбите, шоуто станало популарно поради длабочината и уникатната перспектива - да се остане хуман во свет полн со смрт и уништување.

Чиста хемија е уште една темелно обработена драма, што многумина ја опишуваат како врв на американската телевизија денес. Шоуто, добитник на бројни награди, се фокусира на Волтер Вајт, наставник по хемија, без здравствено осигурување, заболен од рак во крајна фаза, кој на крај се претвора во крал на дрогата.

Повеќето од сериите се прикажуваат на малите екрани со години, овозможувајќи им на гледачите долготрајно да се врзат за улогите, за разлика од филмовите. Се работи за квалитетна забава, конкурентна на цената на - билетот за кино.
XS
SM
MD
LG