Линкови за пристапност

Турската влада провери 44 компании за случајот Ѓулен


Агенцијата „Анадолу“ рече дека налозите за апсење биле издадени за вкупно 120 извршители

Турската државна агенција „Анадолу“ објави дека полицијата извршила увид во 44 компании во Истанбул, поврзани со обидот за државен удар, минатиот месец.

Агенцијата рече дека налозите за апсење биле издадени за вкупно 120 извршители, обвинети за обезбедување финансиска поддршка за муслиманскиот свештеник Феталух Ѓулен, кој е во егзил во САД.

Владата на Реџеп Таип Ердоган вели дека Ѓулен стои зад нападот од 15-ти јули, при кој загинаа повеќе од 240 лица.

Вчера полицијата задржа 136 лица во истанбулските судови.

Ѓулен, кој живее во САД, негираше дека на каков било начин е поврзан со обидот за државен удар.

Турција бара негова екстрадиција.

XS
SM
MD
LG