Линкови за пристапност

Турција: Тежок пат за претседателските надежи на Ердоган


И покрај победата на владеачката партија на локалните избори, победата на Ердоган во август е неизвесна

Подржувачите на премиерот Ердоган ја прославија убедливата победа на Партијата АК. Премиерот на ова гледа не само како обнова на неговиот политички мандат, туку и ослободување од наводите за корупција на високо владино ниво.

Ченгиз Актар од истанбулскиот Центар за политика вели дека победата сега отвара влрата за крајната политичка амбиција на премиерот.

„Премиерот чувствува дека победил, дека е ослободен од наводите за корупција. Затоа чувствува дека е слободен да оди на претседателската функција и да го промени режимот во претседателски систем – сличен на претседателскиот систем на Путин, каде нема вистинска контрола на власта. Тоа ќе ги продлабочи постоечките тензии и поларизација и антагонизам кои постојат во општеството“, вели тој.

Како најјасен индикатор до сега за неговите претседателски амбиции, Ердоган изгледа дека се откажува од натамошното вршење на премиерска функција, велејќи дека е против промената на регулацијата на неговата партија што му забранува да служи четврти мандат.

Неговите блиски соработници исто така жестоко тврдат дека претседателот треба да има поголема моќ отколку сегашната, главно церемонијална улога. Тие тврдат дека тоа е од причина што претседателот за прв пат треба да биде избран со гласот на народот.

Но претходните напори за зајакнување на претседателските ингеренции пропаднаа зашто опозиционите партии се спротиставија на таквиот потег.

Набљудувачите велат дека еден од многуте фактори зад опозицијата е овинението дека Ердоган станал премногу авторитарен.

Асли Ајдинтасбас е политички колумнист за турскиот весник Милијет. Тој вели дека и покрај изборниот успех на Ердоган, тој останува поларизирачка фигура, правејќи ја неговата кандидатура за претседател тешка.

„Ердоган е многу специјална фигура во турската политика, во смисла дека е толку популарен и толку омразен во исто време. Има луѓе што гинат за него, илјадници, и такви кои сакаат тој да биде мртов“.

Лидерот на една од опозиционите партии кажа дека сака кој било, само не Ердоган да биде претседател. Најголем дел од противниците на премиерот имаат слични чувства, велат набљудувачите.

Ердоган иницираше мировни разговори пред две години со курдската бунтовничка група, ПКК, и раководството на партијата не ја отфрла можноста за поддршка на претседателската кандидатура на Ердоган.

Партијата АК на Ердоган доби 44проценти од гласовите на мартовските локални избори, далеку повеќе од најблискиот ривал, секуларната ЦХП, која доби 28 проценти, но помалку од минималните 50 проценти плус 1 глас, потребни за добивање на претседателските избори во еден круг на гласање за да се избегне втората рунда.

БДБ партијата, која доби шест проценти на локалните избори би можела да ги надомести преостанатите.

Но Соли Озел од истанбулскиот Кадир Хас Универзитет, вели дека дури и со таква поддршка, нема гаранција дека Ердоган ќе ја добие претседателската трка.

„Ќе биде тесно. Ќе биде многу пополаризирано и побрутално“, вели Озел.

Допрва останува да се појаснат намерите на сегашниот претседател, Абдула Ѓул, кој е основачки татко на Партијата АК и близок колега на премиерот.

Ѓул не објави што ќе прави но побара средба со Ердоган да разговара за претседателската функција. Набљудувачите велат дека исходот од средбата може да е критичен за резултатот на августовските претседателски избори.
XS
SM
MD
LG