Линкови за пристапност

Турција предупредува дека ќе ја вклучи армијата против демонстрантите


Заменик премиерот Булент Аринц кажа дека може да ја употреби армијата за смирување на анти-владините протести по речиси три недели на насилни демонстрации во неколку градови низ државата.

Заменик премиерот Булент Аринц во понеделник кажа дека доколку полицијата не е доволна „елементи на турските армиски сили“ ќе помогнат да се одржи редот.

Неговите забелешки дојдоа во време кога пет големи турски трговски синдикати започнаа национални демонстрации против акцијата на полицијата врз демонстранти во паркот Гези. Синдикатите кои заедно претставуваат стотици илјади работници, повикаа насилството на полицијата „веднаш да престане“.

Најголем од штрајковите беа мирни, но полицијата употреби созавец и водени топови во понеделник за спречување на околу илјада членови на синдикатите да маршираат во главниот град Анкара. Други маршеви имаше во Истанбул и други градови и покрај владиното предупредување дека тоа нема да биде толерирано.
XS
SM
MD
LG