Линкови за пристапност

Судир меѓу симпатизери на Ердоган и демонстранти во Вашингтон


Притоа биле повредени најмалку девет лица, a уапсени најмалку две

Поддржувачите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се судрија со 20-тина демонстранти кои во вторникот протестираа пред резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон.

Притоа биле повредени најмалку девет лица, a уапсени најмалку две, соопшти полицијата.

Телохранителите на Ердоган исто така биле вклучени во физичката пресметка, што се случи на истиот ден кога претседателот Доналд Трамп во Белата куќа беше домаќин на неговиот турски колега.

Како што извести турската редакција на Гласот на Америка, демонстрантите биле курдски приврзаници, коишто повикувале прокурдскиот законодавец Селатин Демиртас да биде ослободен од затвор.

Во еден момент, се појавил и турскиот амбасадор во Вашингтон, Сердар Килич, и почнал да вика на еден од полицајците.

Слични судири имаше и минатата година, кога Ердоган присуствуваше на Самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон.

Републиканскиот сенатор Бен Саси, во порака преку Твитер, кажа дека Ердоган треба „да запомни дека оваа земја е градена врз основа на слободата на говор, слобода на вероисповед, слобода на печат и слобода на протест“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG