Линкови за пристапност

Турција помага во справувањето со бегалската криза


Турската фондација за хуманитарна помош во неделата постави шатори на територијата на Сирија за да им помогне на илјадниците лица кои бегаат од режимот во Алепо, поддржан од Русија

Додека Турција вели дека го достигнала својот максимум да прими дополнителен број бегалци, турските хуманитарни работници обезбедуваат шатори и намирници за сириските бегалци на границата меѓу двете земји.

Турската фондација за хуманитарна помош во неделата постави шатори на територијата на Сирија за да им помогне на илјадниците лица кои бегаат од режимот во Алепо, поддржан од Русија.

Германската канцеларка Ангела Меркел, чија земја минатата година прими преку еден милион бегалци, се наоѓа во Турција на разговори со тамошното раководство.

Турските власти велат дека во моментов долж границата со Сирија чекаат и до 35.000 Сиријци. Земјите на ЕУ ветија 3,3 милијарди долари помош за Турција, со цел да обезбеди засолниште за бегалците и да помогне во намалување на бројот на оние коишто бараат азил во Европа.

XS
SM
MD
LG