Линкови за пристапност

Турција го блокираше Твитер поради нападот во Суруч


Турција жали за загинатите: сцена од местото на нападот во Суруч
Турција жали за загинатите: сцена од местото на нападот во Суруч

Забраната ќе биде укината откако ќе бидат отстранети фотографиите од крвавиот инцидент, според турските власти

Турските власти соопштија дека го блокирале пристапот до Твитер за да спречат ширење на фотографиите од нападот на бомбаш-самоубиец во градот Суруч понеделникот, во којшто загинаа најмалку 31 лице.

Официјални лица потврдија дека забраната ќе биде укината веднаш откако ќе бидат отстранети фотографиите.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот, иако турските власти велат дека имаат основана причина да веруваат дека е дело на милитантите на организацијата Исламска држава.

Цел на нападот беа активисти, претежно студенти, коишто планирале да заминат за Сирија за да помогнат во обновата на градот Кобани, којшто е веднаш преку границата.

Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган го осуди нападот, нарекувајќи го „чин на терор“.

И САД излегоа со осуда, окарактеризирајќи го нападот како „грозоморен“.

„Изразуваме солидарност со турската влада и граѓаните и ја повторуваме нашата несопирлива решеност за борба против заедничката закана од тероризмот“, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

Во Суруч се наоѓа голем камп за бегалци од Сирија.

XS
SM
MD
LG