Линкови за пристапност

Трамп му ја честиташе победата на Ердоган


Противници на Ердоган бараат повторно прегласување на референдумот кој се одржа неделата, а меѓународните набљудувачи се сомневаат во праведноста на гласањето

Претседателот Доналд Трамп му ја честиташе победата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на референдумот во неделата. Победата би значела влијателна извршна претседателска функција од сегашниот парламентарен систем.

Во соопштение на Белата куќа, се вели дека двајцата лидери разговарале по телефон, при што ја вклучиле и потребата од взаемна соработка по прашањето сирискиот претседател Башар Ал-Асад да се држи одговорен за неодамнешниот напад со хемиско оружје, продолжителната борба против Исламската држава и „потребата за соработка против сите организации коишто го користат тероризам за да ги постигнат своите цели“.

Противниците на Ердоган бараат повторно прегласување на референдумот, а меѓународните набљудувачи се сомневаат во праведноста на гласањето, велејќи дека имало нефер услови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG