Линкови за пристапност

Турција побара итна средба со сојузниците во НАТО


Фотографија од архива: турски борбен авион над базата Инџирлик во јужниот дел на земјата, на 31-ви август 2013-та

Фотографија од архива: турски борбен авион над базата Инџирлик во јужниот дел на земјата, на 31-ви август 2013-та

САД ја поддржаа офанзивата на Анкара на два фронта - против милитантите на Исламската држава во Сирија и курдските бунтовници во Ирак

САД ја поддржаа офанзивата на Туција на два фронта – со воздушни напади против против милитантите на Исламската држава во Сирија и со артилериски оган против позиции на курдските бунтовници во Ирак.

Ваквиот став на Белата куќа уследи по недела на насилства во Турција за коишто се товарат обете организации и воедно жестоки меѓусебни противници.

Турски војник во близина на границата со Сирија, на 24-ти јули 2015-та

Турски војник во близина на границата со Сирија, на 24-ти јули 2015-та

Турција повика на вонредна средба на земјите-членки на НАТО на којашто би се дискутирало за нејзината загриженост за безбедноста. НАТО соопшти дека состанокот бил побаран „поради сериозноста на ситуацијата по ужасните терористички напади изминативе денови“.

Портпарол на Белата куќа изјави дека Анкара била во рамки на своите права „да преземе акција врз терористички цели“, меѓу што и позиции на Курдската работничка партија (ПКК) во град во северниот дел на Ирак. Ова е прва офанзива против отпадничката курдска организација откако беше објавена мировна спогодба во 2013-та.

ПКК реагираше дека мировниот договор со Анкара го загубил значењето по турските напади.

XS
SM
MD
LG