Линкови за пристапност

Турција бомбардира позиции на курдските бунтовници


Турски борбен хеликопер по полетувањето од базата Инџирлик

Турски борбен хеликопер по полетувањето од базата Инџирлик

Специјална седница на парламентот за армиските операции против ПКК и ИД

Турција продолжила со воздушните напади против курдските бунтовници, соопшти денес канцеларијата на премиерот Ахмет Давутоглу. Парламентот во Анкара, пак, ќе одржи специјална седница за да расправа за армиската кампања против овие бунтовници и милитантите на Исламската држава (ИД) во Ирак.

Воздушните напади целеле на позиции на Работничката партија на Курдистан (ПКК) во југоисточна Турција и северен Ирак. Во рации против осомничени припадници на ПКК, ИД и други милитантни организации, турските власти привеле повеќе од 1.300 лица ширум земјата.

Пред седницата на Парламентот, водачот на прокурдската Народна демократска партија Селахатин Демирташ повика на итен прекин на судирите.

Вчера, претседателот Реџеп Таип Ердоган се заложи дека Турција нема “да се повлече“ од, како што ја нарече, борбата против тероризмот. Истиот ден, НАТО одржа вонредна седница и издаде соопштение во коешто ги осуди терористичките напади против Турција и вети солидарност со земјата-членка.

XS
SM
MD
LG