Линкови за пристапност

Турција тврди дека приведените лица или оние по кои е издадена потерница се поврзани со свештеникот Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека го иницирал обидот за воен удар во јули.

Турските власти денеска издадоа налози за апсење на шестмина генерали, неколкумина припадници на армијата, како и 16 бизнисмени за поврзаност со неуспешниот обид за воен удар во државата, соопштија државните медиуми.

Турција тврди дека приведените лица или оние по кои е издадена потерница се поврзани со свештеникот Фетула Ѓулен со седиште во САД, кого Анкара го обвинува дека го иницирал обидот за воен удар, при што загинаа преку 270 лица.

Ѓулен порекна каква било вмешаност во активностите.

Од обидот за воен удар во јули, наваму, разрешени се речиси 5.000 лица - припадници на воениот персонал, а речиси 43.000 ги загубија работните места во владата. Уапсени се и чекаат на судски процес најмалку 17.000 лица.

XS
SM
MD
LG