Линкови за пристапност

Најмалку 28 лица загинаа во бомбашки напад во Турција


Во градот Суруч, во југоисточниот дел на земјата, близу границата со Сирија

Најмалку 28 лица загинаа, а речиси 100 се повредени во напад на бомбаш-самоубиец во градот Суруч, во југоисточниот дел на Турција, близу границата со Сирија.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но турските власти наведуваат дека имаат основана причина да веруваат дека тој се должи на милитантите на Исламската држава. Властите повикаа на смиреност по нападот за којашто оценуват дека целел на единството во земјата.

Експлозијата се случила во културен центар каде што политичка организација на прес-конференција ги претставувала напорите за обнова на сирискиот град Кобани, којшто е веднаш преку границата. Кобани е место на интензивни битки меѓу курдските сили и милитантите на Исламската држава. Во Суруч, пак, се наоѓа голем камп за бегалци од Сирија.

XS
SM
MD
LG