Линкови за пристапност

Турски напади во Ирак


Damaged vehicles are seen at the scene of an explosion in Ankara, Turkey, Sunday, March 13, 2016.

Damaged vehicles are seen at the scene of an explosion in Ankara, Turkey, Sunday, March 13, 2016.

Акцијата уследи еден ден откако во нападот со автомобил-бомба во Анкара, загинаа најмалку 37 лица.

Турската армија соопшти дека денеска извршила 18 воздушни напади врз курдските милитанти во северен Ирак.

Акцијата врз Работничката партија на Курдистан, уследи еден ден откако во нападот со автомобил-бомба во Анкара, загинаа најмалку 37 лица.

Засега никој официјално не ја презел одговорноста за овој напад, а турските претставници соопштија дека резултатите од истрагата ќе бидат соопштени денеска.

Турските сили изведуваат офанзива против Работничката партија на Курдистан уште од јули, кога претседателот Реџеп Таип Ердоган соопшти дека борбата ќе продолжи се` додека не бидат соборени сите милитанти.

Нападот од неделата се случи близу плоштадот Килилау, близу странски амбасади и владини згради.

Официјални лица кажаа дека целта биле цивили на автобуска станица. Во инцидентот беа повредени 120 лица.

САД го осудија нападот повторувајќи го, цитираме, силното американско партнерство со НАТО сојузникот во борбата против заедничката цел – тероризмот.

XS
SM
MD
LG