Линкови за пристапност

Нападната полициска станица во Истабул, отворен оган врз американскиот конзулат во градот

Во серија напади во Турција денес загинаа најмалку шесторица полицајци и војници, а беше стрелано и врз Конзулатот на САД во Истанбул.

Две жени се осомничени за нападот врз американското конзуларно претставништво. Едната од нив е повредена во престрелката со полицијата и се наоѓа во притвор, додека другата е во бегство. Левичарската Револуционерна народноослободителна партија – фронт (ДХКП-Ц) презеде одговорност за нападот по којшто Конзулатот прекина со работа. САД и Европската унија ја сметаат ДХКП-Ц за терористичка организација. Таа се товари за самоубиствениот бомбашки напад пред Амбасадата на САД во Анкара во 2013-та.

Во одвоен напад, во експлозија на бомба пред полициска станица во Истанбул, загинал еден полицаец, јавуваат турските медиуми. На истото место, полицијата подоцна разменила оган со двајца напаѓачи и ги убила.

Во покраината Сирнак во јужна Турција, во експлозија на бомба загинале четворица полицајци. Во близина на границата со Сирија во истата покраина, пак, курдските милитанти убиле војник откако отвориле оган врз армиски хеликоптер.

XS
SM
MD
LG