Линкови за пристапност

Турските власти велат дека уапсиле преку 1.000 лица, а суспендирани 9.100 полицајци, во рамки на интензивираните активности за сузбивање на наводните поддржувачи на протераниот свештеник Фетула Ѓулен.

Официјални лица изјавија дека биле уапсени 1.009 „тајни имами“ кои се инфилтрирале во полицијата и други државни агенции.

Турција од минатиот јули, наваму уапси или отпушти од работа преку 160.000 лица, за кои верува дека учествувале или го организирање на државниот удар. Владата го обвинува Ѓулен за организирање на минатогодишниот неуспешен воен удар против претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Ѓулен, кој живее во во сојузната држава Пенсилванија, порекнува дека имал каква било улога во ударот. Стејт департментот се воздржа на барањето на Турција за негова екстрадиција, повикувајќи се на недостаток на конкретни докази.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG