Линкови за пристапност

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека цунамито се случило по земјотрес од 7.4 степени утрово

Земјотрес од 7.4 степени и слаб цунами го погодија северноисточниот брег на Јапонија раноутринава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами вели дека првиот бран бил 90 сантиметри, а час и половина по земјотресот, бил забалежан бран од 1.4 метри, доволно голем да предизвика поплави.

Јапонска телевизија ги покажа брановите, поплавувајќи реки во некои предели, а некои рибарски бродчиња биле превртени.

Извештаите за повредени и за предизвикани штети се минимални.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG