Линкови за пристапност

Истрага за врската на бостонскиот бомбаш со поранешен чеченски борец


Муса Каџимурадов за Гласот на Америка вели дека соработува со ФБИ

Федерални истражители бараат врска меѓу главниот осомничен во минатомесечниот бомбашки напад на Бостонскиот маратон и поранешен чеченски борец на отпорот во егзил.

Муса Каџимурадов бил инволвиран во чеченското сепаратистичко движење и служел како бодигард за еден од најпроминентните лидери пред да дојде во САД во 2004.

Во интервју преку Скајп од неговиот дом во Манчестер, Њу Хемпшир, Каџимурадов за Гласот на Америка кажа дека го сретнал осомничениот бомбаш Тамерлан Царнаев на годишен собир во Чеченското друштво на Бостон во 2006.

Тој кажа дека имале редовен контакт од тогаш. Каџимурадов дури го поканил Царнаев, заедно со неговата американска сопруга и малото дете, во неговата куќа на вечера, помалку од еден месец пред бомбашкиот напад.

Но тој кажа дека тие никогаш не дискутирале за Исламот или каузата за чечнска независност од Русија.

Каџимурадов вели дека со недели соработувал со федералните агенти во врска со неговиот однос со Царнаев, кој загина во престрелка со полицијата на 26 април. Помладиот брат на Царнаев, Џохар, исто така осомничен, сега е во притвор.
XS
SM
MD
LG