Линкови за пристапност

Трамп: Се заложувам дека ќе бидам претседател на сите


Бизнисменот милијардер од Њујорк кој беше потценуван во кандидатурата, и критикуван од политичари и претставници на медиуми за време на кампањата, извојува победа врз поранешната државна секретарка Хилари Клинтон

Победата е изненадувачка особено за кандидат кој никогаш немал политичка фунција и кој водеше една од најневообичаените кампањи во историјата на САД. Со тоа се става крај на најтесните и поделени претседателски кампањи во поновата историја.

Претседателот Барак Обама во телефонски разговор му ја честиташе победата на Трамп и го покани на средба во Белата куќа во четврток, изјави прес секретарор Џош Ернст.

„Лесно предавање на претседателската функција е еден од приоритетите на Претседателот, а средба со ново избраниот Претседател е следниот чекор“.

Трамп освои најмалку 288 изборни гласови споредено со 215-те гласови за демократката Клинтон, според најновите резултати.

Во неговиот штаб приказот беше триумфален, иако остатоци од поделената кампања се` уште беа видиливи. Дури и откако стана јасно дека тој ќе победи, присутните извикуваа „ставете ја во затвор“ алудирајќи на демократската кандидатка Хилари Клинтон.

„Уште од самиот старт имаше огромна возбуда помеѓу присутните поддржувачи на Трамп, која од момент во момент растеше“, вели Мари Алис Салинас, која присуствуваше на прославата на Трамп. „Многу од поддржувачите на Трамп велат дека не се изненадени од победата и знаеле дека изборите ќе бидат во корист на Трамп иако не беа такви очекувањата“. Негативна реакција има и кај инвеститорите. Имено откако стана јасно дека Трамп ќе победи забележан е пад на глобалните пазари и американските берзи.

Победата на Трамп го потврди огромното потфрлање на анкетите, според кои Клинтон имаше предност 3-4 проценти во последните денови од кампањата.

„Очигледно згрешија многу“, вели Ирфан Норудин, професор по политички науки на Универзитетот Џорџтаун. „Анкетарите ќе имаат голема домашна работа“.

Трамп веќе извесно време ги отфрлаше анкетите, тврдејќи дека се наместени и дека расположението и ентузијазмот на неговите собири е вистинската слика за јавното мислење.

Според најновите анкети, Трамп освои повеќе отколку што очекуваше од симпатизерите белци од руралните области, кои се чувствуваат економски загрозени и ги поддржаа анти-трговските и анти-имигрантските ставови на Трамп.

На крајот тоа беше доволно за да се надомести недостатокот од поддршка помеѓу малцинствата. Според најновите анкети, 9 од 10 Афро-американци и две третини од Латино-американците гласале за Клинтон.

Трамп ќе ја преземе претседателската функција, со Конгресот во целосна контрола на Републиканците, откако во вторникот партијата не само што го задржа мнозинството во Сенатот, туку и ја зацврсти контролата во Претставничкиот дом. Тоа значи дека Републиканците ќе имаат можност да ги пополнат испразнетите места во Врховниот суд.

Но сепак пред партијата стојат огромни предизвици, со оглед на тоа што постоеја поделби и помеѓу самите сопартијци околу кандидатурата на Трамп. Во текот на неговата кампања тој се осврна кон влијателни републиканци, отфрлајќи бројни аспекти на традиционалниот конзерватизам.

„Сега не` чека неизвесност“, вели републиканскиот политички стратег Рон Бонџен. „Ова е изненадувачка победа на аутсајдер кој презеде контрола на Републиканската партија и од корен го потресе политичкиот естаблишмент, а сега доаѓа на претседателсата функција во Вашингтон со веќе најавени промени“.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG