Линкови за пристапност

Трамп нема да се откаже од Твитер


Портпаролот на новоизбраниот претседател вели дека тој ќе продолжи да твита и кога ќе ја презеде функцијата

Не очекувајте дека Доналд Трамп ќе престане да твита штом ќе даде заклетва за претседател на САД, рече неговиот портпарол Шон Спајсер, кого Трамп го одбра за директор за комуникации во Белата куќа.

Спајсер вели дека „употребата на социјалните медиуми ќе биде нешто што досега не е видено“.

Преглед на твитовите на Трамп што ја одбележаа 2016-та година
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:32 0:00

Во изјава за телевизиската станица Род Ајленд, тој рече дека користењето на Твитер, Фејсбук и на Инстаграм му дозволува на новоизбраниот претседател да додаде начин на комуницирање што досега не постоел.

Од изборниот ден досега, Трамп објавил информации на Твитер секој ден, освен 14-ти и 25-ти ноември - од номинации за неговиот кабинет, како и за тоа како бил исмејуван на телевизија.

Твитовите на Трамп исто така влијаат и врз финансиските пазари, а минататонеделниот пример со цената на борбениот авион Ф-35 го потврдува тоа.

Советникот на Трамп Келиен Конвеј, за Си-Ен-Би-Си минатата недела, рече дека Твитер за Трамп претставува начин директно да комуницира со луѓето.

XS
SM
MD
LG