Линкови за пристапност

Трамп со реакција на понудата на Флин да соработува со истрагата за Русија


Поранешниот блисок на претседателот за возврат бара да биде изземен од судско гонење

Претседателот Доналд Трамп ја поддржа понудата на поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, да соработува со конгресната истрага за контакти меѓу кампањата на Трамп и Русија, доколку биде изземен од судско гонење.

Преку порака на Твитер, Трамп се согласува дека Флин би треба да бара имунитет во замена за имунитет.

Весникот Вол стрит џурнал прв јави дека Флин се обидува да дојде до имунитет, но засега никој не се согласил на неговите услови.

Во соопштение од четвртокот, неговиот адвокат, Роберт Келнер, истакна дека Флин „секако има да каже приказна и сака да го стори тоа“.

Адвокатот потврди дека се сретнал со претставници од двете Комисии за разузнавање, и во Претставничкиот дом и во Сенатот.

Флин е генерал-полковник во пензија, кој беше приморан да поднесе оставка како еден од најблиските советници на претседателот Трамп, откако беше откриено дека му дал погрешни информации на потпретседателот Мајк Пенс околу комуникациите со рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак.

Конгресните комисии разгледуваат дали одредени соработници на Трамп можно е да биле во координација со агенти на владата на Русија, чија цел била да влијаат на минатогодишните претседателски избори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG