Линкови за пристапност

Трамп е најверојатниот претседателски кандидат од Републиканската партија


Тед Круз се откажа од трката

Првиот човек на Републиканската национална комисија, Ринс Прибас, изјави дека Доналд Трамп е најверојатниот претседателски кандидат од редовите на партијата.

На синоќешните прелиминарни избори во сојузната држава Индијана, Трамп победи со 53 проценти, а сенаторот од Тексас, Тед Круз освои 37. Гувернерот на Охајо, Џон Кејсик заостана во трката, и заврши со само 7 проценти.

Откако загуби на изборите, со што не освои доволен број делегати да ја добие номинацијата, Круз се откажа од кампањата.

По победата во Индијана, Трамп му честиташе на Круз, додавајќи дека тој, заедно со другите републикански кандидати, биле мудри и тешки ривали. Трамп воедно повика на единство на партијата.

Прибас имаше слична порака, велејќи дека републиканците треба да се обединат за да ја поразат поранешната државна секретарка Хилари Клинтон на изборите во ноември.

Од редовите на демократите, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, на партиските избори во Индијана ја победи Клинтон со освоени 53 проценти од гласовите. И покрај тоа, Клинтон и натаму е фаворит да ја добие номинацијата бидејќи во моментов го има мнозинството делегати.

XS
SM
MD
LG