Линкови за пристапност

Трамп порекнува дека руски оперативци се обиделе да го компромитираат


Новоизбраниот претседател преку Твитер кажа дека oва се „лажни вести и комплетен политички лов на вештерки“.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп преку Твитер ги порекна наводните тврдења дека Русија поседува информации за да го компромира и дека претставници од неговата кампања биле во заговор со руското разузнавање. Во медиумските извештаи се наведува и дека во извештај на американските разузнавачки агенции се вели дека притоа биле дискутирани сексуални активности од страна на Трамп.

Доналд Трамп, неговиот адвокат и портпаролот на Кремљ, рекоа дека овие информации се погрешни.

Трамп на пораката на Твитер кажа дека oва се „лажни вести и комплетен политички лов на вештерки“.

Претседателот Барак Обама наводно бил брифиран на истата тема и го добил истиот извештај.

XS
SM
MD
LG