Линкови за пристапност

И средношколците во Вашингтон на протест


Активистите најавија протест ден откако Трамп ќе даде заклетва

Близу илјада средношколци од Вашингтон и од околината излегоа на марш, со цел да го изразат револтот против избраниот претседател Доналд Трамп.

Клубот за човекови права во средното училиште Вудро Вилсон ги информираше учениците преку социјалните медиуми, и им испрати мејлови на нивните родители, со цел да ги информира во намерата да го организираат овој протест.

Некои ученици носеа кошули со натпис „Лоша жена“, како асоцијација за коментарот на Доналд Трамп за неговиот противник во кампањата Хилари Клинтон.

Иако стотици од овие ученици не можеа да гласаат, сакаа нивниот став за избраниот претседател Трамп да биде јасен.

Масовни протести има низ целата држава, речиси секој ден по изборот на Трамп.

Активистите најавија протест ден откако Трамп ќе даде заклетва.

Преку 80.000 луѓе се пријавија на Фејсбук да земат учество во маршот на жени во Вашингтон, на 21-ви јануари.

Трамп во интервју во неделата рече дека Американците немаат причина да се плашат од неговото претседателствување.

На неговиот Твитер профил во петокот напиша дека му се допаѓа тоа што мали групи имаат страст кон државата и прогнозираше дека „ сите ќе се обединиме и ќе бидеме горди“.

XS
SM
MD
LG