Линкови за пристапност

Во многу анкети рејтингот на Трамп негативен


Трамп си дава висока оценка, гласачите со свое мислење

Претседателот Доналд Трамп си даде висока оценка по три месечниот мандат во Белата куќа, но истражувањата на јавното мислење покажуваат дека американските гласачи најчесто имаат негативен став за неговите постигнувања.

„Ниту една администрација нема постигнато повеќе во првите 90 дена – тука се вклучени армијата, границата, трговија, регулативите, спроведувањето на законот – ние го сакаме спроведувањето на законот - и владините реформи“, кажа тој неделава.

И покрај тоа што позитивното мислење за Трамп порасна по ракетниот напад врз Сирија, како одговор на нападот со хемиско оружје врз сириски цивили, анкета на Галуп, сепак покажува дека гласачите на неговото претседателствување се` уште гледаат негативно, со разлика од 52 наспроти 42 процента. Од друга страна, според анкета на Универзитетот Квинипек, негативната наспроти позитивната оценка за претседателот е 56 - 40 проценти.

Во најновата анкета на Politico/ Morning Counsult се вели дека 39 проценти од гласачите на претседателот му дале оценка „А“ или „Б“ за неговата досегашна работа, а речиси исто толку, 37 проценти му даде оценка „D“ или „F“.

Според Politicо, анкетата е одраз на континуираната остра политичка поделеност во САД, при што опозиционите демократи во најголем дел жестоко се противат на републиканскиот претседател, а републиканците генерално му даваат поддршка.

Истражувањето покажува дека две третини од самоидентификуваните демократи, на Трамп му дале оценка „Д“ или „F“, додека 42 отсто од избирачите кои гласале за него на изборите, му дале оценка „Б“. Околу 23 проценти од републиканците го оцениле како „C“ или полошо.

Анкетата на Квинипек ги потврдува наодите на Галуп дека рејтингот на Трамп малку се подобрил откако тој нареди ракетен напад врз режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Според Квинипек, американските гласачи го одобриле неговиот начин со справување со нуклеарната закана од Северна Кореја со 45 наспроти 42 проценти.

Но, тие имаат негативно мислење на некои од личните квалитети на лидерот на САД. Со голема разлика, Американците веруваат дека тој не е искрен, нема добри лидерски вештини, не се грижи за просечните Американци, не посветува подеднакво внимание и дека не споделува исти вредности. Сепак со голема разлика гласачите веруваат дека Трамп е силна личност и е интелигентен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG