Линкови за пристапност

Прес-конференција на новоизбраниот претседател Доналд Трамп


Ова беше негов прв брифинг за новинарите во рок од шест месеци.

Како што се очекуваше, Трамп се соочи со бројни прашања за наводите на американското разузнавање дека Русија се вмешала во изборите во ноември, како и тоа како планира да се осврне на потенцијалните конфликтни интереси поврзани со неговиот бизнис.

Тој порекна дека има каков било финансиски интерес во Русија, велејќи дека: „немам никакви зделки на повидок, и немам заеми во Русија“.

Запрашан за хакерските напади за кои американски разузнавачки претставници веруваат дека ги овластил рускиот претседател Владимир Путин, Трамп кажа: „Не требало да го стори тоа“.

Во однос на неговиот бизнис, тој истакна дека го префла на неговите двајца синови, Доналд Трамп Џуниор и Ерик.

Повеќето американски претседатели од блиското минато, даваа прес-конференции по само неколку дена откако ќе победат на изборите. Трамп во меѓувреме беше активен на Твитер и даваше куси изјави за време на процесот на подготовки за преземање на функцијата, но немаше официјална средба со новинарите за да одговори на нивните прашања.

XS
SM
MD
LG