Линкови за пристапност

Германската канцеларка и американскиот претседател денеска се среќаваат во Белата куќа.

Разговорите на Ангела Меркел и Доналд Трамп беа закажани за порано неделава, но снежното невреме кое го зафати источниот дел на САД ги принуди двајцата лидери да ја одложат средбата.

Ова ќе биде прва лична средба меѓу двајцата шефови на држави, по неочекувана победа на Трамп на претседателските избори во ноември.

Пред изборите, Трамп кажа дека прифаќањето на бегалците од страна на Меркел е „катастрофална грешка“, и тој ја обвини за „уривање на Германија“.

Трамп исто така ги повика земјите членки на НАТО да издвојуваат повеќе пари за потребите на одбраната.

Меркел, која има значително влијание во Европа, ја критикуваше забраната влез на бегалци и мигранти на Трамп, која беше блокирана од американските судови.

Политичките аналитичари велат дека Трамп, најверојатно на состанокот во Овалната канцеларија ќе побара совет од Меркел за тоа како најдобро да се справи со рускиот претседател Владимир Путин. Меркел има искуство со контроверзниот руски лидер, кого Трамп го фалеше – што затече некои републикански и демократски законодавци во САД.

XS
SM
MD
LG