Линкови за пристапност

Трамп и Меј најавија специјални врски за заеднички вредности


Претседателот на САД и британската премиерка одржаа заедничка прес конференција во Белата куќа, на која Трамп се заложи дека ќе застане 100 проценти зад НАТО

Двајцата лидери најавија „силна и специјална врска“ меѓу двете држави, која ќе биде во интерес не само на Британците и на Американците, туку и на целиот свет.

На прашањето на новинарите за контроверзните изјави за Мексико и за ослободување на санкциите кон Русија, Трамп одговори:

„ Многу е рано да зборуваме за санкции. Очекувам да имам добри врски со сите држави“, рече Трамп, вклучувајќи ја и Кина во оваа категорија.

Меј, пак, нагласи дека Британија сака продолжување на санкциите кон Русија, се додека целосно не се имплементира договорот од Минск.

На прашањето за неговите коментари за тортурата во борба против тероризмот, Трам рече дека моќ да одлучи за тоа ќе има идниот секретар за одбрана Џејмс Матис.

Меј е првиот странски лидер што се сретна со Трамп во Вашингтон, по неговото преземање на функцијата.

Двајцата лидери презедоа чекори за да ги реформираат нивните меѓународни односи, конкретно преку трговијата. Британија, која е во исчекување да излезе од Европската унија, и повлекувањето на Трамп од Договорот за Транспацифичко партнерство, бара преговори за нови трговски договори во светот.

Планот на Меј за напуштање на ЕУ вклучува приоритети за контрола на имиграцијата, иако се` уште не најавила конкретни детали за тоа.

Портпаролот на Белата куќа Шон Сапјсер рече дека Трамп се` уште не одлучил дали ќе крати фондови за меѓународни организации, како Обединетите нации, откако некои медиуми објавија дека претседателот размислува да ја намали улогата на САД во нив.

Меј вчера се обрати пред собирот на републикански лидери во Филаделфија, каде рече дека деновите на мешање на САД и на Британија во политиката на другите земји се завршени.

Таа рече дека во интерес на Британците и на Американците е да ги бранат нивните интереси, а не да се враќаат на „неуспешните политики од минатото“.

Меј повика и на реформи во мултинационалните организации, како ОН и НАТО, со цел да ги направи „порелевантни и повеќе посветени“, нагласувајќи дека членките треба да престанат да се ослонуваат на САД.

Таа рече дека претседателството на Трамп ќе ги направи САД „посилни, поголеми и полни со самодоверба“, што според неа, е добро за целиот свет.

Таа додаде дека британските и американските конзервативци имаат исти принципи.

XS
SM
MD
LG