Линкови за пристапност

Зетот на Трамп на клучна функција во новата администрација?


Џаред Кушнер работеше зад сцената во текот на кампањата на Трамп и сега може да биде на поекспонирано место

Според одредени медиумски информации, тимот на Трамп побара безбедносна проверка за Кушнер, иако допрва треба да се објави дали тој ќе добие официјална функција или пак ќе биде во понеофицијална улога во Белата куќа на Трамп.

Медиумите прашуваат треба ли Кушнер, кој е оженет со ќерката на Трамп, Иванка, да биде дел од Белата куќа и да служи како специјален политички советник.

Прес секретарката Хоуп Хикс за Associated Press на почетокот од оваа недела изјави дека тимот на Трамп „би сакал“ Кушнер да биде дел од администрацијата.

Американските анти-непотистички закони

Трамп има неколку опции ако сака да го земе Кушнер во својот тим, иако нејасно е дали федералните анти-непотистички закони ќе бидат пречка за тоа.

Законот забранува назначување на роднини во кабинетите на државните агенции, како на пример Одделот за одбрана или Стејт департментот, но правните експерти велат дека законот не се однесува на пополнување функции во Белата куќа.

Трамп би можел да го вработи Кушнер и во неколку различни цивилни одбори, со задача да го советува претседателот по одредени прашања.

Исто како и Трамп, Кушнер е син на успешен бизнисмен со недвижности, но за разлика од Трамп, Кушнер не се ескпонира многу во јавноста, како што беше случајот и во текот на камањата на Трамп.

Кушнер е во брак со Иванка Трамп од 2009-та година и се приклучи во кампањата во февруари веднаш по партиските избори во Ајова и одигра клучна улога во трансформирање на она што беше мала и недисциплинирана мисија во успешна претседателска кампања. Според извори блиски до кампањата, додека Трамп и тогашниот менаџер на кампањата Кори Левандовски патувале низ земјата, Кушнер бил очите и ушите на Трамп во седиштетото на неговата кампања.

Истите извори говорат дека Кушнер речиси сам придонел за успешноста на кампањата и победата на изборите, формирајќи посебни тимови кои работеле на социјални мрежи, маркетинг, како и на буџетот.

Иако никогаш немал официјално политичка функција, Кушнер станa еден од најблиските советници на Трамп и моментално е вклучен во донесувањето на одлуките на тимот на Трамп.

Кушнер беше еден од само неколкуте советници кои Трамп ги донесе заедно со него во Белата куќа минатата недела за време на неговата официјална средба со претседателот Барак Обама.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG