Линкови за пристапност

Донации за санирање на штетата на еврејските гробишта во Мисури


Досега се собрани преку 55.000 долари.

Кампања за собирање средства организирана од Американци со муслиманско потекло помага за санирање на штетата по вандалскиот чин на еврејски гробишта во сојузната држава Мисури. Досега се собрани преку 55.000 долари.

Сторителите оштетиле или урнале околу 200 надгробни споменици на гробиштата Чесед Шел Емит во близина на Сент Луис.

Според Лигата против навреди, неделава најмалку 10 еврејски општински центри во неколку сојузни држави примиле закани за бомбашки напад, што е четврта серија закани од јануари, наваму.

Претседателот Трамп го осуди напливот на закани по еврејската заедница, велејќи дека, „треба да се бориме против нетрпеливоста, нетолеранцијата и омразата во сите грди форми“. Тој додаде дека „заканите против еврејската заедница се ужасен и тажен потсетник за се` она што допрва треба да се стори, за да се искорени омразата, предрасудите и злото“.

XS
SM
MD
LG