Линкови за пристапност

Трамп: Од овој момент натаму, нова визија ќе владее со нашата земја – Прво Америка!


Доналд Трамп даде заклетва како 45-ти претседател на САД, ветувајќи обединување на државата

Под облачното небо во Вашингтон, 70 годишниот Доналд Трамп стана најстариот врховен командант на САД кој дал заклетва на функцијата, и во духот на традицијата вети дека ќе го „чува, штити и брани Уставот на Соединетите Американски Држави“.

Илјадници граѓани, некои водени од ветувањето на Трамп „да ја направиме Америка повторно голема“ се собраа на Националното шеталиште за церемонијата која се случува на секои четири години.

Неговата инаугурација, по тензичната изборна кампања сигнализираше мирен трансфер на моќта, откако претседателот Барак Обама ја напушти функцијата по два мандати во Белата куќа.

Републиканецот Доналд Трамп ја даде заклетвата пред судијата во Врховниот суд на САД, Џон Робертс, користејќи две Билбили, една добиена за време на неговата младост, користена во 19 век, а другата користена од американскиот претседател Абрахам Линколн.

Претходно гувернерот Мајк Пенс даде заклетва на функцијата потпретседател, заменувајќи го Џо Бајден.

Во својот говор Трамп вети ставање крај на начинот на кој функционира Вашингтон:

„Предолго, мала група во нашиот главен град ги собираше плодовите од власта, додека граѓаните ја плаќаа цената...естаблишментот се штитеше себеси, но не` и граѓаните на ова земја...сето ова ќе се промени, почнувајќи сега и овде“.

Трамп кажа дека 20-ти јануари 2017-та ќе биде запаметен како ден кога граѓаните повторно си ја вратиле власта во САД.

Во врска со надворешната политика, Трамп вели дека ќе издаде нов декрет кој треба да биде слушнат во секој странски главен град и во секој центар на моќта: Прво Америка!

На крајот на говорот, Трамп се наврати на слоганот со кој победи на изборите:

„Ќе ја направиме Америка повторно голема, ќе ја направиме Америка повторно богата, ќе ја направиме Америка повторно горда, ќе ја направивме Америка повторно безбедна и заеднички ќе ја направиме Америка повторно голема“.

Претседателот Трамп го искористи моментот да му се заблагодари на неговиот претходник, поранешниот претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Обама, за нивната помош во претседателската транзиција, нарекувајќи ја „извонредна“.

XS
SM
MD
LG