Линкови за пристапност

Трамп и Конгресот пред клучен момент за здравствената заштита


Во моментов се работи на проценката за бројот на Американци што би изгубиле здравствено осигурување со новата легислатива.

Американскиот претседател Доналд Трамп и Конгресот се наоѓаат пред клучен момент во политичката битка околу републиканските напори за отповикување и замена на реформите во националната здравствена заштита, што поранешниот претседател Барак Обама го сметаше за свое најголемо постигнување.

Конгресната канцеларија за буџет, група од непартиски буџетски аналитичари и економисти, треба да објават проценка за бројот на Американци кои би останале без здравствено осигурување доколку Трамп и републиканците во Конгресот успеат да му стават крај на законот од 2010-та година. Со тој закон, 20 милиони, претходно неосигурени лица стекнаа осигурување кое им помага во плаќање на нивните здравствени трошоци.

Независните анализи имаат важна улога во американскиот законодавен процес, мерејќи ги потенцијалните ефекти.

Трамп вети здравствен план кој ќе ги „покрие сите“ и кажа дека осигурителните полиси ќе бидат поевтини за лицата и малите групи кои самите си купуваат осигурување, наместо да го добијат преку нивниот работодавач, кое е најчест начин како Американците стекнуваат здравствено осигурување. Но, спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан призна дека според новиот план помал број на лица ќе добијат осигурување.

Надворешни аналитичари кои го истражувале предлогот на републиканците во Конгресот и претседателот Трамп велат дека без осигурување може да останат 15 милиони лица. Сепак, на извештајот на Конгресната канцеларија за буџет се гледа како на официјален документ кој ќе го определи натамошниот процес.

XS
SM
MD
LG