Линкови за пристапност

Трамп: Претставничкиот дом ќе изгласа отповикување на Обамакеар


Претседателот на Капитол хил имаше средба со републиканските законодавци

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека тој мисли дека републиканците имаат доста гласови во Претставничкиот дом за да победат во клучното гласање во четвртокот за замена на законот за здравствена заштита, познат како Обамакеар.

Трамп ја искажа ова прогноза по денешната средба со републиканскиот кокус на Капитол хил. Претседателот ги повика законодавците кои искажаа колебливост да го поддржат неговиот план. Некои од нив не веруваат дека новата мерка е доволна за замена на провизиите од постојниот закон, а други мислат дека со новиот план голем број сиромашни луѓе ќе останат без здравствено осигурување.

Републиканскиот законодавец, конгресменот Валтер Џонс од Северна Каролина за Гласот на Америка кажа дека и покрај тоа што го ислушал Трамп, тој и понатаму се спротивставува на планот. Џонс вели дека претседателот едноставно повикал на прифаќање и замена „но не дал никакви детали.“

„Ова сме го слушнале и порано“, рече Џонс. „Јас сум тука веќе 22 години и сум го слушнал ова, имајте доверба и почекајте. Тоа е кога паѓате од гребенот.“

Џонс, кажа дека Трамп ги предупредил републиканските законодавци дека би можеле да се соочат со незадоволството од гласачите следната година кога ќе бараат повторен избор, ако не изгласаат укинување на законот како што ветија порано.

Но, спикерот на Претставничкиот дом, Пол Рајан кажа: „Претседателот Трамп беше тука за да го стори на што го прави најдобро, а тоа е да постигне договор.“

XS
SM
MD
LG