Линкови за пристапност

Средба на Трамп со првите луѓе од автоиндустријата на САД


Претседателот Доналд Трамп ги повика првите луѓе на автогигантите во САД да ги прошират производствени погони дома, а не во странство.

Сакам новите фабрики да бидат изградени во САД за автомобилите кои ќе се продаваат на овој пазар, напиша Трамп на Твитер. На вториот ден од неговата прва работна недела по средбата со првите луѓе на Џенерал моторс, Форд и Крајслер, новиот претседател ја потенцираше заложбата за создавање нови работни места во САД.

Заканите од претседателот Трамп за зголемени даноци за автомобилите произведени во Мексико а продавани во САД може да ја принудат автоиндустријата да донесе несакани и непопуларните решенија – или да ја зголеми ценатата на автомобилите, или да се носи со зголемените трошоци, велат аналитичарите. Стопирање на продажбатата на автомобили произведени во Мексико, значи зголемен ризик и намалување на муштериите во САД. Префрлањето на производство во САД од земји од трет свет, пак, значи, помала заработувачка.

Аналитичарите предупредуваат дека големите автогиганти од Детроит немаат профит на компактни автомобили , затоа што американскиот работник ги чини 58 долари на час. Колку за споредба, мексиканскиот работник заработува помалку од 8 долари на час.

Автомобилскиот сектор во Мексико има многу поголем нагорен пораст, се очекува да стаса до 49 проценти или 5,5 милиони возила до 2023-та, според фирмата ЛМЦ Автомотив. САД имаат капацитет за раст од 13 проценти или 14, 2 милиони возила за истиот период.

XS
SM
MD
LG