Линкови за пристапност

Мекејн смета дека Трамп им должи извинување на сите воени ветерани


Мета на критики поради нападот врз Џон Мекејн и неговата армиска служба: Доналд Трамп

Мета на критики поради нападот врз Џон Мекејн и неговата армиска служба: Доналд Трамп

Сенаторот реагира на коментарот на републиканскиот претендент и милијадер дека е воен херој само затоа што бил заробен

Џон Мекејн смета дека коментарот на Трамп е навреда за сите коишто се жртвувале за САД во време на конфликт

Џон Мекејн смета дека коментарот на Трамп е навреда за сите коишто се жртвувале за САД во време на конфликт

Американскиот сенатор Џон Mекејн, одликуван армиски ветеран и поранешен воен заробеник, го повика републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да се извини за омаловажување на страдањата на американските војници коишто биле заробени.

Републиканецот Мекејн, којшто за време на Виетнамската војна мина пет години како заробеник, реагираше на јавниот настап на Трамп во рамки на предизборната кампања саботата во сојузната држава Ајова, во којшто го исмеваше армиското искуство на Мекејн. Трамп кажа дека Мекејн „не е воен херој. Тој е воен херој (само, н.з.) затоа што бил заробен. Ги претпочитам луѓето коишто не биле заробени“.

(Мекејн, н.з.) „не е воен херој. Тој е воен херој (само, н.з.) затоа што бил заробен. Ги претпочитам луѓето коишто не биле заробени“.

Мекејн синоќа за ТВ-каналот МСНБЦ изјави дека не бара извинување за себе, туку дека милијадерот Трамп треба јавно да им се извини на американските воени ветерани и нивните семејства.

„Мислам дека можеби им должи извинување на оние коишто се жртвувале за време на конфликт и оние коишто искусиле заробеништво додека служеле на својата земја. Да се оцрнува нивната служба, мислам дека тоа е навредливо за повеќето ветерани“, кажа Мекејн.

Трамп, пак, не покажува знаци дека се кае. Тој синоќа изјави дека политичките ривали го извадиле неговиот коментар од контекст. За ТВ-мрежата НБЦ, по телефон ја уважи храброста на Мекејн додека служел во армијата, но додаде: „Меѓутоа, не разговараме за луѓето коишто не биле фатени, и јас се обидував да се осврнам на тоа“.

„Им должи извинување на оние коишто се жртвувале за време на конфликт и оние коишто искусиле заробеништво додека служеле на својата земја“.

Познати ветерани и кандидатите за претседателските избори 2016-та го критикуваа Трамп за коментарот.

Американскиот државен секретар, демократот Џон Кери, којшто служеше како војник во Виетнам, го опиша Мекејн како „храбар човек со карактер... којшто издржал неверојатни измачувања“ додека бил во заробеништво.

Републиканскиот претседателски претендент Џеб Буш коментираше дека „клеветничките напади ја прелеале чашата“. Други републиканци побараа Трамп да биде отстранет од предизборната кампања, бидејќи не е способен да биде претседател.

Демократската претседателска претендентка Хилари Клинтон го критикуваше Трамп, но и останатите републикански претседателски кандидати затоа што преспоро реагирале да ги осудат претходните контроверзни коментари на Трамп за имигрантите од Мексико, кога обвини дел од нив за случаи на силување и дека внесуваат дрога и носат криминал во САД.

XS
SM
MD
LG