Линкови за пристапност

Белата куќа со реформи на регулативите за климатски промени


Претседателот Трамп ја потпиша извршната наредба за промени во регулативите за климатски промени од времето на Барак Обама.

„Ќе ги вратиме нашите рудари на работа“ и ќе произведеме навистина чист јаглен“, порача Трамп за време на церемонијата на потпишување на мерката.

Според виш претставник на администрацијата, преку наредбата, Агенцијата за заштита на животната средина, ќе треба темелно да ги ревидира регулативите во Планот за чиста енергија.

Трамп на неколкупати ја критикуваше политиката на поранешниот претседател на САД за климатски промени.

За време на кампањата, иницијативите на Обама, Трамп ги нарече „глупави“, во голем дел заради регулативите коишто, како што кажа, „убиваат работни места“.

Виш претставник на Белата куќа верува дека Трамп ќе може да го балансира остварувањето на целите – заштита на животната средина и промоција на енергетското производство во САД.

Во новиот предлог-буџет за 2018-та, се предвидува скратување на фондовите на Агенцијата за заштита на животна средина за 31 процент, како и речиси целосно елиминирање на фондовите за истражување на климатските промени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG