Линкови за пристапност

Трамп: САД ќе се повлечат од Транс-пацифичкото партнерство


Ова е прв чекор што избраниот претседател го најави за првиот ден откако ќе стапи на функција

Избраниот претседател Доналд Трамп вели дека првиот ден откако ќе стапи на функција ќе испрати официјално известување дека САД се повлекуваат од Транс-пацифичкото партнерство, дел од серијата чекори базирани на неговиот фокус „Америка на прво место“.

Во видео порака објавена на Јутјуб, Трамп го нарече Транс-пацифичкото партнерство „потенцијална катастрофа“ за САД.

„Наместо тоа, ќе преговараме фер билатерални договори за трговија, кои ќе ги вратат работните места и индустријата во Америка“, изјави Трамп.

Министрите од Транс-пацифичкото партнерство потпишаа договор во февруари 2016-та, велејќи дека нивна цел била да се „подобри заедничкиот напредок, да се отворат работни места и да се промовира одрлжлив економски развој за сите држави“.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека без вклученост на САД трговскиот договор ќе биде мртов.

Претседателот на САД Барак Обама го поддржа договорот, но Конгресот никогаш не му даде дозвола САД официјално да се приклучат кон него.

Администрацијата на Обама сметаше дека овој договор е корисен за работниците во САД и во 11 други земји, поради новите стандарди за плати и работни услови, како и поради забраните против злоупотреба на детски труд.

XS
SM
MD
LG