Линкови за пристапност

Прибус - шеф на кабинетот на Трамп, Џулијани - главен правобранител


Избраниот претседател на САД рече дека идната администрација ќе биде составена од „високо квалификувани лидери“

Избраниот претседател на САД Доналд Трамп почна со составување на неговата администрација.

Трамп најави дека претседателот на Републиканскиот национален комитет Рајнс Прибус ќе биде шеф на неговиот кабинет - вработен од највисок ранг во Белата куќа и највисок советник на претседателот.

Тој исто така го спомена и конзервативниот медиумски директор Стив Бенон за негов главен стратег и советник.

Трамп ги нарече двајцата „високо квалификувани лидери“.

Прибус рече дека му е чест за назначувањето, и даде прогноза дека Трамп ќе биде „одличен претседател за сите Американци“.

Бенон изјави дека имале многу успешна кампања, која довела до победа.

„Ќе имаме исто партнерство и во работата, за да му помогнеме на избраниот претседател Трамп да ја исполни агендата“, рече Бенон.

Други имиња, кои наводно се во игра за високи позиции, се и поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, за главен правобранител, и сенаторот од Алабама, Џеф Сешнс, за секретар за одбрана.

Трамп најави и дека ќе депортира околу три милиони недокументирани имигранти со криминално досие, и се заложи уште еднаш дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико.

Вчера министрите за надворешни работи на Европската унија се сретнаа за да разговараат за можното влијание на Трамп врз транс-Атлантските односи.

А во меѓувреме, продолжуваат протестите низ САД против предлозите на Трамп за регулирање на имиграцијата и правата на жените.

Протестантите најавија дека ќе продолжат со протестите во текот на неделата, како и на неговата инаугурација во средината на јануари, следната година.

XS
SM
MD
LG