Линкови за пристапност

Неколку новинарски публикации, кои работеле на проверка на фактите, велат дека Трамп jа искривил вистината во делови од говорот, за да одговара на неговите намери

Доналд Трамп официјално ја прифати републиканската претседателска кандидатура на конвенцијата во Кливленд, Охајо.

Неколку новинарски публикации, кои работеле на проверка на фактите, велат дека Трамп избрзал со некои „факти“ во делови од неговиот говор, понекогаш искривувајќи ја вистината за да одговара на неговите намери.

Трамп: Убиставата минатата година се зголемиле за 17 проценти во 50-те најголеми градови во Америка. Тоа е најголем процент во 25 години.

Факти: Ова е погрешно бидејќи убиствата се намалуваат во најголемите американски градови од 1990-те. Но, минатата година имаше пораст за 17 проценти, според студија објавена во Вашингтон пост во јануари.

Трамп: Два милиони Латино Американци повеќе денес живеат во сиромаштија, отколку кога претседателот Барак Обама даде заклетва.

Факти: Трамп ги нарече мексиканските имигранти

„ криминалци“ и „ силувачи“. Имаше некои Латино поддржувачи што држеа предмети со Трамп на конвенцијата, но вистината е дека Латино популацијата е зголемена, а нивото на сиромаштија е пониско. Истражувачкиот центар „Пју“ информираше дека Латино Американците „ се единствената голема етничка група каде стапката на сиромашитија опаѓа“.

Трамп: 58 проценти од младите Афроамериканци се невработени.

Факти: Ова е погрешно. Според статистичките податоци на Бирото за вработување, 58 проценти од Афроамериканците, на возраст меѓу 16 и 24, не работеле во јуни, но оваа бројка опфаќа студенти и лица кои не бараат работа. Стапката на невработеност во јуни беше 22, 4 проценти, се` уште многу висока.

Трамп: Америка е една од земјите во светот со највисоки даноци.

Факти: Тамп го повтори ова повеќе пати. Но, според Организацијата за економска соработка и развој, 26 проценти од економијата во САД во 2014 година се засновала на даноци, една од најниските стапки меѓу индустријализираните земји.

XS
SM
MD
LG