Линкови за пристапност

Настап на Симон Трпчески во Конгресната библиотека на САД


Симон Трпчески во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

Симон Трпчески во Вашингтон

Заедно со германскиот виолончелист Даниел Милер - Шот.

Во преполната сала на Конгресната библиотека на САД, на целовечерниот двочасовен концерт, македонскиот пијанист Симон Трпчески и германскиот виолончелист Даниел Милер - Шот синоќа изведоа три сонати: во Ц-дур на Бетовен, во Ф-дур на Брамс и во Г-мол на Шопен.
„Ова е ми е веројатно 45 или 46 посета на оваа земја и сум прифатен на прекрасен начин. Убаво е чувството кога луѓето ќе те прифатат онака како што си сакал, затоа што ние, уметниците, навистина многу вложуваме во она што го работиме“, изјави пијанистот Трпчески пред настапот.

Релаксирано е да се настапи во САД, вели тој. Олеснува беспрекорната и детална подготовка на концертите, аргументира македонскиот пијанист, кој настапува по американските концертни сали веќе 12 години по ред.
Брошурата на Конгресната библиотека за концертот го цитира Индипендент за сјајниот звук и леснотијата во изведбата на Трпчески и ја истакнува титулата на национален уметник на Македонија.

„Честа е голема, задоволството е големо. Внесувам многу љубов во она што правам и името на државата секогаш оди заедно со моето име. Мислам дека, од друга страна, не чувствувам определен притисок, туку напротив, моето задоволство во вршењето на мојата професија е поврзано со мојата љубов кон мојата земја“, вели Трпчески.
Тој раскажува дека е прифатен на прекрасен начин во САД од публиката која, како што рече, „колку бара, толку и му возвраќа на уметникот“.

Во оваа мини-концертна турнеја, дуото Трпчески - Милер Шот веќе настапи во Ванкувер, а од Вашингтон заминува за Квебек и Монтреал. Оттаму, Трпчески сам ќе замине за настап во Хелсинки, по што го очекуваат четири концерти во Ливерпул.
XS
SM
MD
LG